Во 2010, големата чоколадна компанија Nestle одлучи да го промовира нивниот Drumstick сладолед во корнет, со поинтересна кампања. Така се роди ‘Forever Summer’ дизајн на постери, од страна на Amy Fleisher Madden, графички дизајнер од Њујорк. Кампањата вклучува серија на три постери со летна содржина, каде што долгата форма на иконскиот корнет-сладолед некласично е во центарот на вниманието. Оваа кампања се користи четврто лето по ред.