Кличко прогласи дводневен полициски час во Киев

Киев, 21 март 2022 (МИА) – Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска најави „засилен полициски час“ во главниот град на Украина од 20.00 часот (по локално време) до 7 часот во среда.

Градоначалникот Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да се отворат во вторник. Делови од градот постојано се под оган од руските сили.

„Ги замолувам сите да останат дома – или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече тој.

Прочитајте и:  Милер: Русија е таа што ескалира, политиката на САД за употреба на американското оружје од Украина не е променета
- Реклама -