Кличко ја одбрани титулата (видео)

Светскиот боксерски шампион, Украинецот Виталиј Кличко во Москва ја одбрани светската титула во тешка категорија против Германецот Мануел Чар.

Кличко до победата дојде откако судијата одлучи во четвртата рунда да ја прекине борбата, затоа што Чар се здоби со голема расекотина на десното око.

Германецот со тоа не можеше да се помири, па „беснееше“ по рингот, вербално го нападна Кличко, се расправаше со својот тим не можејќи да ја прифати таквата одлука.

Како и да е, Украинецот со оваа победа стигна до скор од 45 победи и 2 порази, додека 27-годишниот германски боксер го доживеа првиот пораз во кариерата (21:1).

{youtube}mW3LsUs6Ih8{/youtube}

- Реклама -