Клиниката „Жан Митрев“ ги понуди своите капацитети на државата, вклучително и 46 респиратори

Клиничка болница „Жан Митрев“ уште минатата недела ги понуди сите свои капацитети на граѓаните на државава, во однос на новонастананата состојба со пандемијата на вирусот Ковид-19, информираат од клиникaта во соопштение до јавноста.

„До Министерството за здравство упативме податоци за сите наши капацитети и од вработен персонал и од техничко –технолошка опременост во насока на искористување за потребите на државата, а по план и програма што ќе ги одреди или побара од нас ресорното министесртво.

Во таа насока уште еднаш потенцираме дека понудивме 40 респиратори за возрасни, 6 за деца и 2 транспортни инкубатори за новороденчиња“, посочуваат од „Жан Митрев“.

„Нашата клиника спроверува најригорозни мерки за заштита од виpycот во целиот објект на клиниката, сѐ со цел врвна безбедност и сигурност на сите пациенти, посетители и вработени.

Прочитајте и:  Со сослушување на оштетени продолжи судењето за Жан Митрев - за хемофилтрации плаќале и до 609.000 денари

Ќе Ве молиме сите да се придржувате до препорачаните мерки од ресорното министерство со цел заштита и превенција од вирусот Ковид 19.

Тука сме за Вас со полн капацитет.

Клиничка болница „Жан Митрев“ се грижи за Вашето здравје!“, се порачува во соопштението.

- Реклама -