Клинтон во Приштина: Храбро се бopeвте, но и храбро го спуштивте opyжјето и ставивте кравати

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој од вчера е во посета на Приштина по повод 20-годишницата од влегувањето на НАТО силите на Косово, денеска се обрати од плоштадот Скендербег.

Клинтон, кој е една од клучните фигури заслужни за одлуката НАТО да интервенира на Косово и Метохија, им порача на косовските претставници дека пред 20 години била потребна огромна храброст за тие да се борат за своите животи, домови и своите деца.

„Потоа беше потребна поинаква храброст за да го спуштите opyжјето, да облечете одела и да ставите кравати. Ќе биде потребна целосно поинаква храброст, мудрост и издржливост за да замислите и изградите подобро утре“, додаде Клинтон.

Клинтон порача и дека ја сака таа земја (Косово), и дека за него секогаш ќе биде чест што бил на нивна страна „против eтничкoтo чиcтeњe и за слобода“.

На плоштадот Скендербег се обрати и поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт. Таа го опиша моментот кога Клинтон ја разбудил среде ноќ за да ѝ соопшти дека авионите тргнале кон Косово. Олбрајт го оцени тоа како „исправното нешто“.

„Го направивме тоа бидејќи нашата причина беше праведна“, рече екс-секретарката и додаде дека САД никогаш нема да го заборават Косово, порачувајќи им на присутните дека „иднината ви припаѓа вам“. Нејзиното обраќање било проследено со долг аплауз и скандирање „Уј-ес-еј“.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

Вчера, пак, по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, Бил Клинтон имаше само пофалби за Косово. Тој порача дека земјата може да послужи како пример за светот за тоа како се живее во мир со своите соседи, како и дека заслужува да биде дел од ЕУ и НАТО. Додаде и дека засекогаш ќе биде горд што бил претседател на САД во коментот кога на Косово му бил потребен некој кој ќе го запре она што се случуваше таму.

Косовскиот претседател, пак, го одликуваше Клинтон со „Орден на слободата“, нарекувајќи го „симбол на довербата, оптимизмот и надежта за граѓаните на Косово“, додавајќи дека Клинтон „го обединил стетот против неправдата“ и дека бил „најупорниот политичар кон обезбедување на слобода за Косово“.

„Се поклонуваме со длабока почит пред вас поради слободата на Косово. Изразуваме голема благодарност на САД, кои ја предводеа кампањата за запирање на eтничкoтo чистење и враќањето на косовските граѓани во нивните домови, кампањата за изградба на нов живот и мир за сите. Не можеме а да не се чувствуваме горди за овој голем допринос за нашата слобода да ви ја изразиме длабоката благодарност која косовскиот народ ја чувствува кон вас. Ви благодариме, претседателе Клинтон!“, рече Тачи.

- Реклама -