Клучот за добар секс е…

Страната YourTango во соработка со компанијата Durex спроведе истражување чии резултати покажаа дека за добар секс најмногу е потребна емоционална поврзаност.

Имено, дури 96% од испитаниците изјавија дека сексот е најдобар со личноста со која сте емотивно поврзани. Токму таа емотивна врска носи поголема самодоверба во сексуалните можности на партнерот. Одличен афродизијак е и кога ќе добиете комплимент од партнерот.

Сепак, резулататите покажале дека постојат три клучни елементи за добар секс:
1. Физичка привлечност
2. Емотивна интимност
3. Чувството дека партнерот ве сака

„Ова истражување покажува дека сексот не е примарно физички чин, бидејќи доколку се зближите емоционално значи дека ќе се зближите и физички“, открива Андреа Милер, уредничка на страната YourTango.

Испитаниците одговориле на прашањето колку често имаат сексуални односи. Во просек тоа е еднаш до два пати неделно, а би сакале тој број да се зголеми на три или дури пет пати. Исто така, 90% од испитаниците сметале дека сексот со текот на времето може да стане се подобар.

- Реклама -