Неверојатниот, нестрпливо очекуван последен дел од сагата „Самрак“, „Зазорување“, ги расветлува тајните и мистериите на овој фасцинантен романтичен еп што маѓепса милиони читатели.
Неверојатниот, нестрпливо очекуван последен дел од сагата „Самрак“, „Зазорување“, ги расветлува тајните и мистериите на овој фасцинантен романтичен еп што маѓепса милиони читатели.
Кога го сакаш тој што те убива, немаш избор. Како да бегаш, како да се бориш, кога со тоа ќе го повредиш саканиот? Ако животот е сè што имаш да му дадеш, како да не му го дадеш? Ако навистина го љубиш?
Да се биде непоколебливо вљубен во вампир, за Бела Свон претставува истовремено фантазија и кошмар, испреплетени во опасна реалност. Растргната помеѓу силната страст за Едвард Кален од една страна, и нејзината длабока поврзаност со врколакот Џејкоб Блек од друга страна, таа доживува бурна година на искушување, загуба, и расправија што ја водат до крајната пресвртница. Неминовниот избор – дали да се впушти во мрачниот, но заводлив свет на бесмртните, или да води потполно човечки живот, стана конец на кој висат судбините на двете племиња.
Откако Бела ќе ја донесе својата одлука, се развива ненадеен тек на нечуени случувања со потенцијално вознемирувачки и неодгатливи последици. Токму кога истенчените нишки на нејзиниот живот – најнапред откриени во Самрак, па расфрлени и искинати во „Млада месечина“ и „Помрачување“ – се навидум подготвени да заздрават и да се испреплетат меѓу себе, можно ли е да бидат уништени… засекогаш?
„Читателите споулавено ќе ги превртуваат страниците.“
Паблишерс викли
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на Том Хопкинс – Продажба во тешки времиња се:
1. Дарко Костадиновски
2. Билјана Темелковска
3. Љупка Дамческа