Книжарница со само една книга

Книжарница со само една книгаДоколку поминете покрај овој излог на Хадсон Стрит, Вест Вилиџ, Њујорк, без да посветите повеќе внимание, ќе добиете впечаток дека сте одминале една најобична, независна книжарница. Но, доколку погледнете подобро, ќе забележите дека внатре се продава само една книга.

Во оваа необична книжарница, на располагање ви стојат околу 3 илјади копии од книгата „Марсовско лето: Роботски раце, вселенски каубои и моите 90 дена со марсовската мисија Феникс“ од авторот Ендрју Кеслер (32). Цената на еден примерок е 27,95 долари.

Во книгата е раскажан периодот од 90 дена, што во 2008 година Кеслер го минал во НАСА, учествувајќи во контролата на мисијата за слетување на Марс „Феникс“, заедно со 130 врвни научници и инженери во Тусон. Критиката го нарече ова дело: „Малку неконвенционален поглед на научната одлучност и тврдоглавиот интелект“ што „овозможува фасцинантно патување низ откритијата, зачинето со хумор“.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Кеслер, кој е единствениот вработен во сопствената книжарница вели дека бил инспириран од рестораните кои продаваат само еден прехранбен производ и религиите кои исто така продаваат само една книга. Сепак, продажбата не оди толку добро колку што се надевал. До сега има продадено неколку стотини книги, а кон средината на мај се планира затворање на книжарницата. [A Book Store. That’s Right. Book, Singular.]

- Реклама -