Ви откриваме мала збирка на изгубени литературни богатства кои можете да ги превземете бесплатно од инетрнет. Потребна е само желба за читање.
1. „Последниот човек“, Мери Шели, 1826 година.
Роман за апокалипса во која цивилизацијата од 21-от век пропаѓа заради соочување со епидемија на чума.
2. „Девојката со златните очи“, Оноре де Балзак, 1833 година.
Прекрасна девојка, нејзиниот љубовник и љубовница, се најдоа во средина на афера во која е вклучен инцест, обид за убиство и убиство.
3. „Зад маската, или Моќта на жената“, Луиза Мај Алкот, 1866 година.
Внимателните читатели на романот „Мали жени“ ќе се потсетат дека Џо Март од пишување лоши романи му одговорил прогесорот Бхаер. Тој детаљ е автобиографски.
4. „Стрмни патеки“, Џон Мур, 1918 година.
Натуралист кој се карактеризира со прецизен и моќен стил, Мур пишувал љубовни писма и есеи од терените по кои одел: планини, долини и внатрешноста на американскиот запад.
5. „Меѓу Тибетанците“, Изабела Бирд, 1894 година.
Во ерата кога „авантурист“ и „истражувач“ сеуште припаѓале во категорија „вистински“ професии, Изабела Бирф била меѓу првите жени во таа област. нејзините патописи се драгоцени и прекрасно напишани.
6. „Образованието на Хенри Адамс“, Хенри Адамс, 1907 година.
Духовити мемоари во кои Хенри Адамс дискутира на прашањето како да ги „подготвите“ луѓето да се справат со радикалните нови технологии и социјалните промени кои тие ги носат.
7. „Plum Bun: Новела без морал“, Џеси Редмон Фаусет, 1928 година.
Роман за расата, полот, долгогодишни поети, новинари и уредници на весникот The Crisis.
8. „Есеј“, Мишел де Монтењ, 1580 година.
Оптимизиран за модерен начин на живот и прегледен на многу апликации, есеите зборуваат за сите можни теми од животот, смртта и бесмртноста, секс и љубов, пријателство и Бог, телото и душата, политика и минливоста, страста и болестите, верата и фанатизмот, мрзеливоста и воздржаноста…
9. „Г-ѓа Спринг Фрагранс“, Суи Син Фар, 1912 година.
Суи Син Фар била позната и како Едит Мауд Еатон, кинезка и британка израсната во Америка, евидентирала големи културолошки разлики, на кои секогаш се навраќала како главни теми. Оваа збирка раскази поделена е за возрасни и за детска публика.
10. „Детинство, детство, младост“, Лав Николајевиќ Толстој, 1855-1858 година.
По читањето на неговите класици „Војна и мир“ и „Ана Карењина“, префрлете се на неговата полу-автобиографска трилогија која почнал да ја пишува кога имал 24 години.