Оваа сабота во Метаноја Кафе со почеток од 19 часот, членовите на фејсбук книжевната група „Размена на книги и книжевни муабети“ најавуваат средба каде ќе имаат можност да се дружат и да ги разменуваат прочитаните книги.
Оваа книжевна група брои преку 30 000 членови и веќе 7 години активно придонесува за развивање на читателската заедница кај нас.
Во текот на годината се одржуваат повеќе средби каде тие имаат книжевни дискусии за она што го прочитале и слично.
„На размените доаѓаат луѓе кои сакаат да ги сменат книгите кои ги имаат прочитано за нови непрочитани книги донесени од другите посетители на настанот“, истакнуваат организаторите.
На средбата можат да дојдат сите љубители на пишаниот збор кои сакаат да разменат прочитани книги или едноставно кои сакаат да се дружат со луѓе со кои делат заеднички интереси.