Коалиција „Влен“: „Да“ за Влада и Бадентер, без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини, велат од коалицијата ВРЕДИ/VLEN. ДУИ, велат, од партија се претворила во Коза Ностра.

„Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат. После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите“, порачаа од коалицијата.

Прочитајте и:  ВРЕДИ: ДУИ ги држеше Албанците како заложници со договори на дело, ние ќе ги решиме сите неправди кон нив

Како што велат,  не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокот на државата. Тоа е, оценуваат, крајно неодговорно и кукавички, па ги повикуваат да престанат, како што велат, „да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК“. 

„Не е крај на светот ако отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку само одговорност утврдена во фер правосудни постапки“, додаваат од ВРЕДИ/VLEN во соопштението.

- Реклама -