Кога Босанците скандираа „Македонија“ среде Атина (видео)

На 12 октомври 2012 година, Босна ѝ гостуваше на Грција во рамки на групата Г од квалификациите за Светското првенство во фудбал во Бразил 2014-та.

По мечот фрчеа наслови од типот „Грција фрустрирана од Босна и Херцеговина“. Двете страни влегоа во мечот со 6 бодови од претходните два меча, со тоа што Босанците имаа постигнато 12 голови (подобра гол разлика). Грција беше таа што повеќе се закануваше на мечот, дури погодија и две стативи, но натпреварот сепак заврши 0 – 0.

На трибините беше уште потензично. Грчките навивачи покажаа огромна доза на непочитување кон гостите. Прво го запалија босанското знаме…

Потоа извадија и пароли со напис: „Нож, жица, Сребреница“ – алудирајќи, секако, на геноцидот во Сребреница.

Прочитајте и:  Гвардиола лут поради премногу натпревари: Ова е како НБА!

Босанците, разбирливо лути, им вратија, меѓу другото, и со скандирање „Македонија, Македонија!“ (моментот е од 1:50 во видеото). Беше тоа еден фин момент за сеир.

И Грција и БиХ се квалификуваа за светското. Босна заврши трета во групата Ф (зад Аргентина и Нигерија), а Грција изгуби во првата нокаут фаза од Костарика (5-3 на пенали).

 

- Реклама -