Стапиците за бубачки и штетници драматично се сменија во поново време, а модерното хемиско инженерство ни донесе мошне иновативни и ефективни стапици на пазарот. Earth Chemical е јапонски производител на такви стапици (обично составени од мамец и леплива површина), и направија одлична реклама за својот продукт, целосно запазувајќи ја јапонската традиција на откачено рекламирање.
Технолошкиот напредок ни овозможи денес да имаме лепливи стапици кои се доволно ефективни да фаќаат дури и стаорци и змии, а богами и сумо борачи.