Кога мажот и жената би биле хемиски елементи :)

Кој би биле хемиските својства на мажите и жените кога би биле хемиски елементи?
Хемиски елемент: ЖЕНА

Симбол: Fe

Атомска тежина: Подобро не прашувај.

Физички својства: Исклучително нестабилен елемент. Може да биде парен, но и да се вознемири практично при секаква температура. Се топи во близина на чоколади и цвеќиња.

Хемиски својства: Многу активна. Се комбинира одлично со злато (Au), сребро (Ag), како и различни скапоцени и полускапоцени камења. Избувнува, ако остане насамо подолго време. Апсорбира неограничени количини шеќери. Позеленува кога ќе види во близина примерок со подобар изглед.

Употреба: Служи добро како украс. Веројатно најмоќниот агент за намалување на приходите, познати на човекот.

Внимание: Исклучително опасен во неискусни раце!

l

Хемиски елемент: МАЖ

Симбол: XY

Атомска тежина: 90 (плус-минус 50)

Физички својства: Има тенденција да се ококори на собна температура. Се стврднува при ексалирање на ситуацијата. Постарите примероци се ‘рѓосани и тешко спроведуваат електрицитет со ефикасноста на помладите.

Хемиски својства: Се комбинира со Fe при секоја можност. Се зголемува активноста при присуството на алкохол. Може да се случи експлозија при интеракција со елементот Det (ДЕТЕ). Се неутрализира се лесно со помош на вечера и пиво.

Употреба: Нема позната. Веројатно одличен извор на метан.

Внимание: При недостаток на Fe елементот брзо се разградува и почнува да мириса.

 

- Реклама -