Кога патиштата се рекламираат преку Френк Синатра

Востершир округот потроши преку 1200 евра од јавниот буџет за видео во кое ги промовира своите патишта.
Распеаните работници направија пародија на песната „My Way“ од Френк Синатра, која ја овековечија во видео снимка која ја поставија ан Youtube мрежата.

Ова не е прв пат некој британски округ на ваков начин да се обиде да го привлече вниманието на јавноста.

Торфен од Велс објави пародија на песната на Елвис Присли која во нивната изведба беше насловена „In the Depot“.

Иако ваквите пародии се многу популарни на интернет, сепак, трошењето на парите од граѓаните за вакви цели, не помина без критики.

Роберт Оксли, менаџер на „Здружението на граѓани кои плаќаат данок“ изјавил: „Востершир треба повеќе да се грижи за поправка на патиштата, а помалку за пеење. Интерсното видео нема ниту малку да го поправи впечатокот на возачите кои секојдневно треба да се справуваат со дупките на автопатот“.

- Реклама -