Кога пицата станала национална храна

Пицата во 18-от век била храна за сиромашните, но потоа се десила пресвртница и таа станала национална храна.

Иако никој не може со сигурност да каже кога е направена точно пицата, но се верува дека е прва пица  што била направена е на подрачјето на  Средоземното Море, каде што многу народи како Грци, Римјани и Феничани јаделе тенко истегнато печено тесто  со масло, лук и зачини.

Важна пресвртница во историскиот развој на пицата се случила со доаѓањето на доматите во Европа од Јужна Америка во 1522 година. Домати со години се сметале за токсични и се користеле како украс во градините. Сепак, гладот и сиромаштијата ги принудиле луѓето од Неапол да ги додадат на тестото и така се создла првата пица што наликува на денешната.

Јадење за сиромашните

Во Италија во некои пекари тенкото тести се користело како би можеле да ја проверат температурата на своите печки, па тоа тесто за да не го фрлаат им го давале на сиромашните. Најчесто врз тестото ставале остатоци од нивниот ручек, а тоа најчесто бил зеленчук и зачини.

Во текот на 17-ти и 18-ти век сиромашните наполски семејства се хранеле со овој вид на теста кои што се продавале на отворени штандови. Во 18-от век почнало да се додава и моцарела. Гласот за овој наполски специјалитет толку многу се прочул што во градот почнале да доѓаат луѓе со желба да го пробаат јадењето наменето за „селаните“, кое било приготвено од пица- мајстори, т.н. pizzaioli.

Пица во боите на Италија

Кога во 1889 година кралицата Маргарита Савојска со својот сопруг Умберто Први го посетиле Наполи, побарала од најпопуларниот мајстор Рафаел Еспосито да го направи својот специјалитет. За да ја импресионира и за да го покаже својот патриотски дух тој решил пицата да ја збогати и да ја обои со боите на Италија, па додал домати, моцарела и босилок. Овој гест го воодушевил кралскиот пар, па оваа пица во чест на кралицата била наречена „pizza Margherita”. Таа у ден денес е една од најомилените пици во светот.

 

 

- Реклама -