Некогаш едноставно имаш потреба да ги соопштиш своите чувства пред светот. Обично е кога си заљубен. Некогаш е кога си го мразиш комшијата.
Кога и цело маало е со тебе, а комшијата уште не се опаметува, време е за хејт до повисока инстанца. На пример, Google Maps.
Таков е случајот со еден жител на Секвим, Вашингтон, кој со внимателно уредување на тревникот се погрижил никој да не го промаши серкото (тоа значи испишаното „a-hole“, од „asshole“) во соседството.
Според неколку извори, кавгата во соседството настанала откако комшијата – баш тој покажан со стрелката, изградил „неверојатно грда куќа“ на два спрата, во зелено-виолетова комбинација. Маката на комшиите е што заради оваа грдосија паѓаат цените и на нивните имоти.
Сторијата е тука. Адресата што се спомнува е истата оваа што е покажана со стрелката.