Кога жените се чувствуваат најсекси?

Без оглед на тоа што повеќето жени се грижат како ќе изгледаат на плажа, 59% од нив рекле дека на лето се чувствуваат најсекси отколку во другите месеци од годината.

Според истражувањето на магазинот „British Summer Time Report“, тоа чувство го имаат повеќе жени отколку мажи, но 36 проценти припадници на посилниот пол сметаат дека најубавиот дел од летото е тоа што жените носат костими за капење.

Околу 54 проценти од испитаниците рекле дека најдобро изгледаат во јуни, јули и август, а 83 отсто од жените рекле дека во тие месеци се најсреќни и полесно се решаваат за флерт и врска.

Психологот Кери Купер од Уиверзитетот Ланкастер објаснува дека на тоа чувство влијаат убавото време и Сонцето, но и разновидната облека. Додека жените може да носат разновидна и разнобојна облека, мажите и понатаму остануваат во класичните парчиња гардероба. Жените се инаку и подруштвени од мажите, а летно време и подолгиот ден им овозможува повеќе средби и дружење, па тие се посреќни.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

beach-boat-girl-ocean-photography-Favim.com-422389

Во анкетата, во која учествувале две илјади луѓе, 88 отсто жени рекле дека повеќе се смејат кога е сончево.

Дури 92 отсто жени изјавиле дека едноставно обожаваат лето. А 52 отсто жени признале дека ја преминуваат улицата ако е сончево на спротивната страна.

- Реклама -