„Ја немав поима што ќе бидам кога ќе пораснам. Никогаш не сум замислувал дека ќе бидам тоа и тоа, а ни на сон не сум помислувал дека ќе бидам претседателски кандидат“, вели претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата – Стево Пендаровски, во опуштеното интервју за „Бекстејџ“.
Сепак, Пендаровски раскажа дека и тој како и неговиот син кога бил помал, велел дека кога ќе порасне сака да биде ѓубреџија, барем така му кажувале неговите родители.
„Ова е добро за Шилегов. Мислам дека ѓубреџија му фали во градов“, се шегува Пендаровски, надевајќи се дека скопскиот градоначалник нема да му се налути.
За брендовите што ги носи, за тоа колку се спрема пред огледало, за кулинарските способности, за тоа што го расплакува, за љубоморното чување на сопругата, за тоа зошто би го спасил Оливер Спасовски меѓу Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска и за тоа за кого би гласал за претседател меѓу Амди Бајрам, Стојанче Ангелов и Брат Љубе, ќе ви открие во интервјуто: