Кои работи не треба да се перат во машината за перење облека?

Етикетите на гардеробите и предметите за мебел, како што се покривки, навлаки за перници и слично, јасно пропишуваат како треба да се перат – дали на рака, во машина или во специјализирани сервисни перални каде што материјалите се третираат на посебен начин, со хемикалии. Но не секогаш ние ги почитуваме тие правила.

А како најдобро да се измие парче облека или обувки и кои работи треба да се избегнуваат во машината за перење?
Костимите за капење може целосно да ги уништите ако ги измиете во машина за перење
Костимите за капење се направени од тенки, нежни материјали, кои лесно може да се оштетат во машината за перење – толку многу да се искинат или деформираат што повеќе не се носат. Друг ризик е нивното собирање доколку ги измиете со премногу топла вода.
Ова парче облека најдобро се мие на рака, така што прво ќе го натопите во млака вода за да ја измиете морската сол или хемикалиите од базенот. По стоењето во таа вода најмалку половина час, би било препорачливо костимот да се измие со детергент за чувствителни ткаенини и да се остави да се исуши.
Гардероба и обувки од кожа или превртена кожа
Иако не изгледа, кожата е доста чувствителен материјал, кој не сака ниту високи температури на перење, ниту центрифугирање. Кога станува збор за превртена кожа, ситуацијата е уште полоша – не сака ни млака вода, бидејќи каменецот остава дамки кои подоцна многу тешко се отстрануваат.
Затоа, кожните предмети никогаш не треба да се перат во машина, туку треба да се чистат исклучиво со малку навлажнета крпа или четка, без разлика дали се работи за облека или чевли. Доколку не сте подготвени да ризикувате, најдобро би било миењето на овие работи да им го препуштите на професионалци и да ги однесете на хемиско чистење.
Мемори пена перници и наддушеци
Обичните перници и прекривки секогаш можете да ги перете во машината за перење, освен ако не се преголеми и на нивните етикети не е експлицитно наведено дека бараат некој посебен третман, како перење на раце или хемиско чистење. Истото важи и за душеци и прекривки.
Меѓутоа, ако имате перница од мемори пена, никогаш не треба да ја перете во машина за перење. Има две причини: едната е дека превисоката температура на водата може да го стопи материјалот, а другата е тоа што, дури и ако го измиете со ладна вода, центрифугирањето може целосно да го разложи, односно да го раздели на најмали парчиња.
Вратоврските и градницитр најдобро се перат рачно
Врските и машничките, особено ако се направени од волна, свила или кашмир, треба да се мијат рачно за да се избегне оштетување на ткаенината. Имајте на ум дека треба да користите и специјален детергент наменет за чувствителни материјали и дека никогаш не треба да ги истиснувате насилно, туку да ги оставате на рамна површина да се исушат природно.
Во машината за перење треба да се избегнуваат и градници, но од друга причина. Жиците во повеќето од нив лесно може да се извлечат од ткаенината и да поминат низ дупките во барабанот. Ова е исто така една од најчестите причини зошто машините за перење се расипуваат. Доколку инсистирате да ги перете градниците, погрижете се да ги ставите во кесичка специјална за во машина за перење.

Извор