Германско студио за дизајн, направи краток анимиран филм во кој ја опишува позадината на бегалската криза во Европската унија.
Во анимацијата може да се види краток историски преглед на Сирија, од владеењето на Асад, низ Арапската пролет, се до навлегувањето на разни екстремистички групи, а сето тоа е како вовед со цел да се објасни причината на најголемиот прилив на бегалци уште од Втората светска војна.
Сирија моментално е земја со најмногу бегалци во светот, кои масовно доаѓаат во земјите од Европската унија и бараат азил.
„Моментално создаваме историја. Како сакаме да не запаметат? Како ксенофобични богати кукавици зад оградата? Мораме да разбереме дека ова се луѓе кои бегаат од смрт и деструкција. Прифаќајќи ги во наше друштво добиваме многу, додека игнорирајќи ја кризата, можеме да изгубиме многу. Доколку не покажеме хуманост и разум, само ќе се зголемува бројот на мртви деца на брегот. Ќе го направиме ова како што треба и ќе бидеме најдоброто што можеме да бидеме“, гласи пораката на видеото.
“In a Nutshell – Kurzgesagt” е дизајнерското студио од Минхен кое во 2013 година го основаа дизајнерите Филип Детмер и Стефан Редер, а чии што анимации се посветени на теми од едукативната област, науката и комерцијалните цели.