„Netflix“ објави нов извештај за гледаност во кој се наведени најгледаните филмови и ТВ серии во првата половина од оваа година. На прво место е третата сезона од серијата „Bridgerton“, а кога се во прашање филмовите, прв е „Damsel“.
Извештајот ги рангира остварувањата на „Netflix“ врз основа на прегледите и часовите гледаност и вклучува податоци од првите шест месеци од 2024 година. На листата се наоѓаат некои филмови и серии кои очекувано се најдоа на листата, како што се високо фалените серии „Baby Reindeer“ и „Bridgerton“.
Но, листата вклучува и некои изненадувања. Ниту „Rebel Moon“ ниту неговото продолжение не беа особено добро прифатени од публиката или критичарите, но и двата филма се појавуваат на листата на топ 10 најгледани филмови на „Netflix“ во првата половина од 2024 година.
Други интересни факти вклучуваат и тоа дека содржината снимена на други јазици освен англиски сочинува речиси една третина од сите прегледи во првата половина од оваа година.
„Netflix“ смета дека времето на гледање е „најдобар показател за среќата на претплатниците“, а според стриминг сервисот, претплатниците гледале над 94 милијарди часови содржина на „Netflix“ од јануари до јуни 2024 година.
Најгледани серии на „Netflix“ во 2024 година се:
10. „Bridgerton“ (прва сезона) – 314.500.000 часови гледаност
9. „Berlin“ (прва сезона) – 318.400.000 часови гледаност
8. „Baby Reindeer“ – 347.600.000 часови гледаност
7. „Griselda“ – 383.000.000 часови гледаност
6. „3 Body Problem“ (прва сезона) – 388.100.000 часови гледаност
5. „The Gentlemen“ (прва сезона) – 507.300.000 часови гледаност
4. „Avatar The Last Airbender“ (прва сезона) – 515.300.000 часови гледаност
3. „Queen of Tears“ – 682.600.000 часови гледаност
2. „Fool Me Once“ – 689.500.000 часови гледаност
1. „Bridgerton“ (трета сезона) – 733.800.000 часови гледаност
Кога станува збор за филмови, следните 10 се најдоа на листата на најгледани во првата половина од годината:
10. „Irish Wish“ – 113.000.000 часови гледаност
9. „Rebel Moon Part Two: The Scargiver“ – 115.300.000 часови гледаност
8. „Mother of the Bride“ – 116.500.000 часови гледаност
7. „Rebel Moon Part One: A Child Of Fire“ – 122.800.000 часови гледаност
6. „The Super Mario Bros. Movie“ – 123.100.000 часови гледаност
5. „Under Paris“ – 146.800.000 часови гледаност
4. „Atlas“ – 154.200.000 часови гледаност
3. „Lift“ – 230.800.000 часови гледаност
2. „Society of the Snow“ – 252.500.000 часови гледаност
1. „Damsel“ – 263.700.000 часови гледаност