Кој е најпродаван автомобилски модел во светот?

avtoplus

Составен е нов рејтинг на најпопуларните модели на најголемите светски автопазари за периодот јануари-јули оваа година. Водечки на четиринаесет пазари, вклучени во рејтингот, се 13 модели, бидејки за САД и Канада лидерот е ист – пикапот Ford F.

Најмногу побаруван модел на најголемиот пазар во светот – кинескиот, е миниванот Wuling HongGuang, од кој се реализирани 336.500 продажби, што е намалување за 2,5 проценти во однос на истиот период лани. Зад него е добро познатиот и кај нас, моделот на Great Wall – Haval 6, со 217.136 единици, кој несомнено е лидер во продажбата на SUV остварувања на пазарот во Кина.

Пикапот Ford F е најпродаван на територијата на Северна Америка, во 460.900 парчиња, истакнувајки раст од 8,8 проценти во САД, а во Канада таа бројка изнесува 85.800 единици, а растот на продажбата таму е 27 проценти. Лидер во Земјата на изгрејсонцето е хибридниот Toyota Prius со 170.600 продажби, а во Германија првата позиција со години е непроменета, најдобар е Volkswagen Golf со 147.200 имплементации. Трендот за лидерство на локалните модели на различни пазари продолжува во Индија, каде  број еден во 2016 е Maruti Alto со 136.900 продажби, во Британија на чело е Ford Fiesta со 71.800 реализации, во Франција лидер е Renault Clio со 67.700 и во Италија – Fiat Panda, со 95.000 продадени автомобили.

Во Бразил на чело е Chevrolet Onix – 80.100 парчиња, во Јужна Кореја Hyundai Avante – 58.400, во Мексико, приматот е за Nissan Versa – 47.700, во Русија Hyundai Solaris – 53.800 автомобили и во Шпанија Seat Leon – 23.400 продажби.

Автоплус

- Реклама -