Уште едно славно семејство објави празнична слика на Твитер.
Вистинско празнично расположение преовладуваше по улиците, но и по друштвените мрежи на интернет. Така беше и во домот на Жерард Пике и Шакира, но нивниот син Милан нешто успеало да го расплака.
Но, во знак на солидарност и за да го смири, мама Шакира исто так се преправала дека плаче со Милан. „Нашата маза. Среќен Божиќ на сите“, напишал Пике покрај фотографијата на својот Твитер профил.
Милан наскоро ќе наполни една година, а ова е неговиот прв Божиќ со познатата мајка и татко. Парот од неодамна изјавил дека би сакале да имаат уште деца, а пред десет дена почна да се шпекулира дека Шакира е повторно бремена.