Според унгарски „Индекс“, фотографијата која вчера ги преплави медиумите, а наводно го прикажува Груевски во Будимпешта по добивањето азил, е направена од британскиот новинар Даниел Нолан – кој живее во Будимпешта, номиниран за специјалната награда на European Press Prize во 2016-та и добитник на Foreign Press Award за 2018-та и соработува со неколку големи светски медиуми како Deutsche Welle, Vice, The Guardian и др. За жал, пишува новинарот на „Индекс“, фотографијата нема доволно острина за со апсолутна сигурност да се тврди дека тоа е навистина Груевски, но „човекот навистина личи на него, а и имаме претстава каде би можел да јаде“.
„Индекс“ го цитира твитот на Нолан објавен вчера во 17:51 часот, во кој фотографијата од Груевски е објавена со зборовите:
„Аха, те фатив! Бегалецот екс-премиер на Македонија – Никола Груевски, забележан во Будимпешта!“
Gotcha! Fugitive ex #Macedonia PM @GruevskiNikola spotted in Budapest. pic.twitter.com/EhN02ZYI9v
— Dan Nolan (@nolan_dan) December 11, 2018
Чудно е, меѓутоа, што фотографијата вчера беше објавена и на македонскиот Твитер профил „Сплинтер“, но во 17:18 часот, 33 минути порано од Ден Нолан. Погледнете ги времињата на објавување под самите твитови: