Кој го уби компјутерот?

Повеќе...

Во потрага по одговор на прашањата дали шефот на државата може да личи на компир и дали министерот го убил компјутерот од невнимание или ладнокрвно, се некои од најапсурдните истраги кои по сила на законот морало да ги покрене обвинителството во Полска.

компВо потрага по одговор на прашањата дали шефот на државата може да личи на компир и дали министерот го убил компјутерот од невнимание или ладнокрвно, се некои од најапсурдните истраги кои по сила на законот морало да ги покрене обвинителството во Полска.

Објавена е листа на 10 најапсурдни истраги во последните години што на Полјаците им препорачува да не веруваат дека нивното обвинителство и полиција гонат само злочинци и криминалци. 

Скоро година и пол дена, од јули 2006 година полското обвинителство водело истрага против германски сатиричари заради навреда на државата, односно затоа што претседателот Лех Качински го споредиле со млад компир. Во јуни оваа година била покрената и тримесечна истрага  против бившиот министер за правда, дали тој го убил компјутерот од невнимание, или па тоа го планирал со цел да ги уништи службените податоци на неговиот хард диск. Министерот тврдел дека случајно го оштетил компјутерот, но обвинителството нарачало вештачење, за да на крајот кога се утврдило дека оштетениот диск содржел претежно приватни работи од министерот и неговата љубовница, истрагата била окончана со заклучок дека не може да се утврди дали компјутерот е убиен намерно или случајно. 
Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони
 
Меѓутоа, многу Полјаци би се сложиле дека најлуда е истрагата на случајот "атентаторот када", покрената од бившиот министер-координатор на тајната служба. Цели четири години обвинителството се обидувало да утврди дали мајсторот кој ја монтирал кадата во куќата на министерот е дел од завера да се убие министерот со струја или само лошо си ја сработил работата.
И не само тоа, и полицијата има со што да се пофали. Полските полицајци веќе го избраа својот апсурд на годината – навистина сериозно прашање за кое морале да пишуваат сериозна анализа – зошто полициските кучиња лаат? Командирот побарал детален извештај од чуварот на службените кучиња, во кој, пак, овој исцрпно одговорил дека на тој начин кучињата се разбираат и разговараат, затоа што сеуште не можат совршено тивко да си муабетат. На крајот додал и предупредување да не се чуди ако кучињата почнат да завиваат на полна месечина. Минатата година на врвот на топ листата се нашол и еден шеф кој одбил да им го пресметува на полицајците времето кога одат во тоалет како работното време и инститирал истото да се води како слободно време.

- Реклама -