Кој не би сакал да знае? Анџелина и Бред открија што се случува во нивниот кревет

Анџелина Џоли и Бред Пит открија што се случува во нивната спална соба.

Познатиот пар го сними филмот „Покрај море“, кој прикажува живот на двајца сопружници, што ги толкуваат Анџелина и Бред. Ова ќе биде одлична вест за нивните фанови, бидејќи после „Господин и госпоѓа Смит“ двојката повторно ќе се појави заедно на големото платно.

Анџелина Џоли Пит го напиша сценариото, а истовремено режира, продуцира и глуми во драмата „Покрај морето“.

Филмот го следи животот на американскиот писател Роландо (Пит) и неговата жена Ванеса (Џоли), кои доаѓаат на мирно и идилично одморалиште во Франција, во 1970 година. Нивниот брак очигледно е во криза. Додека минуваат време со другите патници, вклучувајќи ги и младиот брачен пар Леа и Франсоа и локалните од селото Мишела и Патрис, парот почнува да ги прифаќа нерешените проблеми во својот живот.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

Ова дело е инспирирано од европските филмови и театарот на 60-те и то-те години.

- Реклама -