И покрај падот во продажбата од 24.8% кај таблетите iPad на Apple, државниот производител продолжува да е број еден во глобалната продажба, според податоците на консултантската компанија IDC.
Уделот на Apple од светската продажба на таблети е 24.5%, со тоа што од компанијата се продадени 16.1 милиони таблети за три месеци меѓу октомври и декември.
Водечка е продажбата на новиот уред iPad Pro, што се одликува со 12,9-инчен дисплеј и новиот чип А9Х. Според IDC во кварталот продадени се 2 милиони уреди, што е подобар резултат од продадените 1,6 милиони таблети од моделите на Microsoft – Surface Pro 4 и Surface 3.
Втор по продажба со 9 милиони продадени таблети во последниот квартал на минатата година е главниот конкурент на Apple – Samsung. Тоа му дало удел на јужнокорејскиот производител од 13.7% од светската продажба. И тука се забележува намалување во продажбата од 18.1%, во споредба со истиот квартал лани. Со извонреден раст на продажбата од 175.7% на годишна основа, на трето место според продадени таблети е Amazon. Компанијата има продадено 5.2 милиони уреди во последниот квартал на минатата година, што и дава удел од 7,9% од вкупната продажба. Следат Lenovo со 3,2 милиони продадени таблети и Huawei со 2,2 милиони .Генерално вкупната продажба на таблети се 65.9 милиони, што е за 13,7% помалку од една година порано.