Која е најдобро облечената ѕвезда на наградите Teen Choice?

Во Лос Анџелес, беа доделени уште еднаш наградите Teen Choice кои што го рефлектираат вкусот на тинејџерите во САД.

Во музичката сфера со најмногу признанија си заминаа момчињата од One Direction.  Тие освоија дури осум награди,  меѓу кои за омилена музичка група, за омилена летна турнеја, омилена љубовна песна (“You and I”), омилена песна за разделба и омилен сингл (“Story Of My Life”).

Наградата за омилена летна група  сепак отиде кај 5 Seconds of Summer. Во кантри категоријата традиционално беше наградена Тејлор Свифт. Големата награда за придонес кон забавната индустрија ја доби 22-годишната пејачка и актерка Селена Гомез.

Во категоријата за најдобро реално шоу наградата  беше доделена на  Кардашијан: Keeping up with the Kardashians, и тоа на роденденот на една од сестрите – Кајли Џенерр, која што вчера наполни 17 години.

Во продолжение погледнете како изгледаа ѕвездите на црвениот килим и одлучете која најмногу ви се допаѓа…

15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

- Реклама -