Која е просечната цена на нов автомобил во Европа?

еу

Во првите шест месеци од годината, на основните пет европски пазари, кои формираат околу 70% од бизнисот на континентот, биле купени 5,9 милиони нови автомобили, а просечна цена на возилата била 27.467 евра.

евр1 Најскапи автомобили во првата половина на годината биле купени во Германија, каде што просечната цена е на ниво од 32.000 евра. Најекономични во купување на нов автомобил, се клиентите во Италија, каде што просечната цена е 22.421 евра. Еден од главните „виновници“ за пониската средна вредност во земјата, од JATO го посочуваат FIAT, чија реализација е еквивалентна на околу 26% од основниот бизнис, а 63% од новите регистрации на Fiat биле на автомобили од А и В-сегментот.

евр2

Во Франција се забележува минимален пласман на луксузни модели во масовните продажби, резултатот е само 14% од вкупната реализација. Просечната цена на нов автомобил во земјата е на ниво од 23.300 евра, но како резултат на силна побарувачката на масовни модели, вкупниот показател е втор по важност по оној на Германија.

Автоплус

- Реклама -