„Која, по ѓаволите, е Мерилин Монро?“

Фотографииве се направени во 1950 година, од фотографот на LIFE Magazine – Ед Кларк. Тогаш Мерилин Монро уште била анонимус, а Ед за неа чул од пријател кој работел во 20th Century Fox. По негова препорака, направил неколку фото-сесии и им ги испратил во редакцијата на LIFE во Њујорк.

Одговорот што го добил бил: „Која, по ѓаволите, е Мерилин Монро?“. Да можел да ја предвиди иднината, уште тогаш ќе им кажел: „Само една икона што ќе остави свој печат низ следните векови, ништо посебно“.

- Реклама -