Кокаинот, како и другите дроги, одамна е дел од журкачкиот живот. Тоа особено е изразено во модерниве времиња, кога сé се стреми да личи на гламур и елита. А кокаинот не е само дрога, туку е статусен симбол. Како резултат, во петок и сабота има повеќе напудрени носови отколку што претпоставувате.
Ама океј е кога се работи за пар линии, само преку викенд, нели?
Ерм… не. Според експертите – не е. Всушност, кокаин секој викенд е многу штетно за консументот, многу полош од малку MDMA (екстази).
Кокаинот ти го преработува срцето – што води кон мали микро-расцепувања на срцевиот мускул, кои со тек на време можат да имаат сериозни последици.
Д-р Адам Винсток – основач на Global Drugs Surveѕ, вели: „Да се шмрка грам кокаин секој викенд не е здраво, ниту пак може да биде окарактеризирано како ‘кежуал’ или просечна употреба“.
„Кокаинот е вазоконстриктор – прави срцето да пумпа побрзо, истовремено стеснувајќи ги крвните садови. Тоа е како да нагазите на гас, а да го стесните доводот на гориво“.
Се разбира, ако си 50-годишен пушач со прекумерна тежина, срцето ќе ти биде под поголем притисок отколку аок си 20-годишен атлет. Но дури и тогаш, опасностите од кокаинот се во продолжената употреба во текот на повеќе години. Исто така, зависи и од тоа како го употребуваш. Големината на линиите што ги земаш прави голема разлика, вели Винсток, па можеби треба двапати да размислиш пред да шмркнеш „хартстопер“ – т.е. линија голема колку подебело компирче, од која може да ти застане срцето.
Како поткрепа на тоа тврдење, Винсток наведува дека околу 0.5% од корисниците на кокаин завршуваат во болница со акутни реакции на дрогата, со тоа што во повеќето земји од еден грам се прават 10 линии. Но во Бразил, на пример, од еден грам прават 6 линии – што значи повеќе количина на едно шмркање. Таму стапката на акутни болнички случаи е 3.5 проценти, т.е. 7 пати повеќе.