Koлач со палачинки

Зарем не е супер кога два десерти  ќе се спојат во еден, супердесерт?

Потребно е:

околу 35 – 40 палачинки

2 л. млеко

2 пудинг од чоколадо

2 пудинг од ванила

20 лажици шеќер

200 г. шлаг крема.

Подготовка:

Испечете ги палачинките. Се прават како и сите други.  Филувајте ги со пекмез или еврокрем. Наредете ги палачинките во длабок плех. Во 1 л. млеко згответе 2 пудинга од ванила и 10 лажици шеќер. Прелијте преку палачинките (додека е врело).

Потоа наредете уште еден ред палачинки. Вториот пудинг од чоколадо, згответе го исто и прелијте. Оставете да се олади. Изматете 200 г. шлаг крема и украсете го колачот.

- Реклама -