Колеџ во Велика Британија ги заменува наставниците со вештачка интелигенција

20 ученици кои учат за Општ сертификат за секундарно образование ќе бидат подучувани од вештачка интелигенција наместо професори. Тие ќе полагаат општ испит, кој го полагаат сите ученици во Велика Британија од 16 години.

„Се обидуваме да користиме вештачка интелигенција за клучните предмети за овој испит. Таа ќе предава наука, математика, англиски и информатика, а можеби и географија“ вели Џон Далтон, помошник директор во колеџот.

Платформите ќе ги анализираат силните и слабите страни на секој ученик, а потоа своите лекции ќе ги прилагодуваат во согласно со тоа.  Темите во кои учениците се подобри ќе ги поместат на крајот на семестарот, за да може да ги ревидираат, додека послабите области ќе ги почнат веднаш. Тоа значи дека планот за настава за  секој ученик ќе биде прилагоден согласно неговите потреби и можности.

„Има многу одлични учетели и многу такви имаме тука на колеџот, но сите правиме грешки. Ако сакате точно да знаете зошто детето не учи, мислам дека вештачката интелигенција може да ни помогне во тоа“ вели Далтон.

И учениците ги прифаќаат ваквите методи изразувајќи дека учителите не знаат точно што можат или не можат тие веднаш на научат, а вештачката интелигенција ќе им помогне да ги откријат нивните силни и слаби страни.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

Во училницата нема да има учител, но ќе има тројца наставни асистенти кои ќе помагаат со однесувањето и другите предмети со кои вештачката интелигенција би можела да има проблем.

„Наставничките асистенти нема да ги предаваат предметите, но ги покриваме основните вештини како што се јавно говорење, дебатирање и важните лични аспекти на личноста што навистина сакате да ги истакнете и развиете, претворајќи ги младите во млади возрасни“, вели Александар Ванситарт, наставен асистент.

Сепак, не се сите толку возбудени од оваа промена. Некои сметаат дека укинувањето на учителите може долгорочно да им наштети на учениците.

Крис Мекговерн бил советник за образование во британската влада, а сега се бори против овие нови видови на образование.

„Децата многу ќе изгубат со искуството со вештачката интелигенција. Треба да имаат учители. Треба да комуницираат и со другите деца. Тоа е основно. Проблемот со вештачката интелигенција е што тоа е машина и е инертна. Го дехуманизира процесот на учење. Иднината која е базирана само околу вештачка интелигенција е бездушна и досадна“ вели тој.

Владата на Велика Британија минатата недела најави нов проект кој ќе им помогне на наставниците подобро да користат вештачка интелигенција.

Извор: ХРТ

- Реклама -