Колиба толку мала за која дури не е потребна ни дозвола

Во 2010-та години, финскиот дизајнер Робин Флак сакал да изгради место кое може да го нарече за свое. Додека пешачел низ шума пронашол прекрасно место за колиба. Со задолжителниот воен рој кој го очекувал за помалку од година, тој знаел дека нема да има многу време за да изгради нешто големо за кое ќе биде потребна дозвола. Во Финска, дозволено е да се изгради мало живеалиште без дозвола.

По дизајнирањето на објектот за време на зимските месеци, Робин утврдил дека во јуни ќе ја изгради колибата користејќи најмногу локални и рециклирани материјали што можел да најде. Сите градежни материјали биле рачно носени до колибата и му биле потребни две недели за да ја изгради. Флак ги проценил трошоците некаде околу 10,500 долари (не вклучувајќи го сопствениот труд).

Робин вели дека аголот и големината на прозорот му дава на ентериерот многу природно светло и дури можат да се видат ѕвездите навечер. На првиот кат е дневна соба со микро-кујна, додека вториот спрат е за спиење. Тој го именувал својот скромен дом Нидо, што на италјански значи „птичјо гнездо“.

nido hut cabin in woods finland by robin falck (1)

nido hut cabin in woods finland by robin falck (5)

nido hut cabin in woods finland by robin falck (4)

nido hut cabin in woods finland by robin falck (3)

nido hut cabin in woods finland by robin falck (2)

nido hut cabin in woods finland by robin falck (6)

nido hut cabin in woods finland by robin falck (7)

 

 

- Реклама -