Колкав е меморискиот капацитет на човечкиот мозок?

brainДоколку би бил измерен во гигабајти, колкав би бил меморискиот капацитет на нашиот мозок? Дали мозокот има физички ограничувања во однос на количината на информациите кои можат да се меморизираат? Пол Ревер, професор по психологија на Нортвестерн Универзитетот, даде интересни одговори на овие прашања на веб страницата на Scientific American.


brain-1Доколку би бил измерен во гигабајти, колкав би бил меморискиот капацитет на нашиот мозок? Дали мозокот има физички ограничувања во однос на количината на информациите кои можат да се меморизираат? Пол Ревер, професор по психологија на Нортвестерн Универзитетот, даде интересни одговори на овие прашања на веб страницата на Scientific American.

„Човечкиот мозок се состои од околу една милијарда неврони. Секој неврон е способен да воспостави околу 1.000 врски со другите неврони, значи повеќе од билион конекции вкупно. Доколку секој неврон има улога да сочува еден податок, меморискиот капацитет на мозокот брзо би се исцрпил. Би имале само неколку гигабајти капацитет за складирање, слично на капацитетот на еден Ајпод или USB драјв.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Сепак, невроните се поврзуваат така што секој има улога во складирањето на податоци во одреден момент со што прогресивно се зголемува меморискиот капацитет за складирање до нешто отприлика како 2.5 [[Petabyte|петабајти]] (или милион гигабајти). За споредба, доколку вашиот мозок работи како дигитален видео рекордер во телевизија, 2.5 петабајти ќе бидат доволно за складирање на три милиони часови телевиска програма. Ќе треба да го оставите телевизорот  континуирано вклучен повеќе од 300 илјади години за да ја искористите сета таа меморирана програма.“ [What is the memory capacity of the human brain? Is there a physical limit to the amount of information it can store?]

- Реклама -