Колкави се шансите Земјата да биде погодена од астероид?

Јупитер Неодамна, Јупитер беше погоден од астероид, а ударот беше ужасно силен. Секогаш кога се случуваат вакви нешта, нè потсетуваат оти сончевиот систем е насилно место во кое илјадници слободни вселенски објекти се движат наоколу и претставуваат потенцијална опасност и за нас. Но, колкави се шансите Земјата да биде погодена од астероид?


Неодамна, Јупитер беше погоден од астероид, а ударот беше ужасно силен.
Секогаш кога се случуваат вакви нешта, нè потсетуваат оти сончевиот
систем е насилно место во кое илјадници слободни вселенски објекти се
движат наоколу и претставуваат потенцијална опасност и за нас. Но,
колкави се шансите Земјата да биде погодена од астероид?

ЈупитерДо сега се идентификувани 784 објекти блиску до Земјата кои се со дијаметар од околу 1 километар. Токму толкав објект го погоди Јупитер неодамна. А, доколку се случи нашата планета да биде погодена, последиците би биле катастрофални. За среќа, астрономите ги исклучија шансите некој од тие 784 вселенски објекти да претставува ризик за Земјата. Но, помалите астероиди исто така претставуваат ризик, а остануваат уште и околу 100 поголеми објекти кои допрва треба да бидат откриени!

При почетоците на животниот век на нашиот сончев систем (пред околу 4 и пол милијарди години), ударите од вселенски објекти на Земјата (а и на сите други планети) биле далеку почести. На Месечината на пр., кратерите стојат како потсетник за бројните удари што ги има претрпено нашиот единствен природен сателит. Овде, сите траги од удари одамна се избришани од тектонските движења и климатските влијанија. Но, тоа не значи дека забораваме оти сме ранливи.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Иако денес, кога сончевиот систем е далеку попразен отколку на почетокот, ризикот од удар е помал, тоа не значи дека можеме да сме безгрижни. Најголем дел од слободните објекти удираат во Јупитер и Сонцето (поради најголемите гравитациски сили), но тоа не значи дека другите планети и месечини не добиваат по некој удар од време на време.

Во моментов, научниците проценија дека само еден од слободните објекти со дијаметар од околу 1 километар претставува потенцијална опасност за нас. Тоа е телото наречено 2007 VK184, кое има пречник од околу 150 метри и доколку навистина удри (приближно за 40-50 години), ефектот ќе биде еднаков на 150 милиони тони динамит (или 10 илјади пати поголема разорна сила од атомската бомба фрлена врз Хирошима. За среќа, шансите за ова се мали, 1:2940, а обично како што наближуваат предвидените датуми за „блиските средби“, шансите се намалуваат, поради непредвидливите интеракции со други тела што овие објекти ги имаат попатно.

Сепак, бидете спокојни. Во секое време, четири астрономски тима го набљудуваат небото барајќи потенцијални опасности за Земјата. Ако апокалипсата наближува (веројатно) ќе бидеме известени на време за да направиме пуканки за последното шоу.

- Реклама -