Титаник бил најавуван како најголемиот патнички прекуокеански крстосувач во неговото време, па набавувањето на карти за патувањето било, пред се, симбол за престиж. Иронично, но патниците всушност изгубиле огромни суми пари на тоа да ги изгубат своите животи.
Картите за апартманите во прва класа чинеле повеќе од 60.000 денешни долари (тогаш, околу 870 фунти). „Обичните“ места во прва класа чинеле околу 3000 долари (тогаш 30 фунти). Во втора класа можело да се патува за 1000 долари (12 фунти), а билетите за трета класа можела да се набави за околу 200-700 долари (3-8 тогашни фунти).
Сепак, иако во цената биле вклучени и прочуената „непотопливост“ на бродот, како и врвните технологии од тоа време, Титаник потонал за само 2 часа и 40 минути по ударот. Билансот од 1.517 настрадани е еден од најцрните во историјата на поморските несреќи.