Колку долго џусот може да остане надвор од фрижидерот?

Продолжената неделна дремка може да има и лоши страни

Сценарио

Во очајнички обид да го избегне грипот кој собори 80 посто од неговите колеги, твојот другар во последно време џапа џус како да не видел и покрај тоа што му имаш кажано сe’ во врска со претерувањето со соковите. Вчера, кога се разбуди од дремка, го најде џамбо пакувањето што остана на масата. Си вика дали може да си ги заштеди парите што ги потроши за сокот и едноставно да го врати во фрижидер, или во сокот веќе почна да се готви нешто што може да го акне полошо од грип.

Факти

ФДА вели дека оставањето на расиплива храна надвор од фрижидерот на два часа или на подолго овозможува размножување на бактерии, поради што луѓето се во опасност да фатат некои грди болести кои се пренесуваат со храна како што се салмонела и ешерихија коли. На својот сајт „Тропикана“ вели: „Не препорачуваме употреба на ладени сокови кои останале надвор од фрижидер повеќе од три часа“, но не објаснува зошто. Кога станува збор за храната која се чува во фрижидерот, знаеме дека постои широк спектар на она што може да трае долго на масата и на она што не може. Млекото се расипува брзо, додека путерот може да стои надвор од фрижидреот со денови. Но, иако е убаво да се биде внимателен, не е за утепувачка ако без да размислите сте цугнале од картонот. (Повеќе за ова подолу).

Што е најверојатно дека ќе ви се случи

„Поради тоа што е супер кисел, џусот од портокал купен во продавница е еден од ретките продукти од кои нема да се разболите,доколку не сте го вратиле во фрижидерот“, вели Кит Р. Шнајдер, професор на наука за храната и исхраната на универзитетот во Флорида. Дел од причината е што има многу слична ПХ вредност на кечап, вели Шнајдер, а високо кисела средина го отежнува размножувањето на бактериите. (Затоа конзервансите најчесто се киселини.) И бидејќи сокот купен во продавница исто така е пастеризиран (термички обработен), со цел да се уништат сите штетни бактерии како што се салмонела или ешерихија коли кои можеле де се провлечат во текот на процесот на производството, шансите дека ќе се разболите се речиси никакви, вели Шнајдер. За разлика од тоа, сокот што не се држи во фрижидерот ќе се расипе по неколку часа и веројатно нема да има добар вкус. Додека се наоѓа на масата, на собната температура, започнува ферментацијата, производство на организми на млечната киселина кои создаваат непријатен вкус и на џусот му го намалуваат рокот на траењето.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Што е најлошото што може да се случи?

Постои еден голем исклучок за сето ова: Ако пиете свеж, непастеризиран сок, Шнајдер вели дека тој мора да оди во ѓубре доколку остане надвор. Свежите сокови се обично помалку кисели, особено доколку овој фенси цеден сок е блендиран помешан со морков или со некое друго помалку кисело овошје или зеленчук. Без процесот на пастеризацијата, времето поминато надвор од фрижидерот може да го зголеми ризикот од добивање на некоја болест која се пренесува преку храната. Патогените бактерии од рацете што го берат овошјето или од машината што го цеди, можат да го контаминираат џусот и брзо да се размножуваат. Во превод: ќе поминете некое време на ве-це шоњата, можеби дури и во бплница.

Што да му кажеш на другар ти?

Ако сокот е купен во продавница, помирисај го или гутни малку за да видиш дали почнал да се расипува. Ако мирисот или вкусот не се нападни, само бутни го назад во фрижидерот. Си заборавил да го вратиш шишето од суровиот сок? Не вреди да се ризикува, фрли го и почни да ги жалиш парите што си ги дал за него.

- Реклама -