Боровите „Great Basin Bristlecone“ растеле во доба кога била градена Кеопсовата пирамида во Египет, Сиријците со нивното клинесто писмо ги полнеле глинените плочи, а Европјаните ги носеле камените секири.
На врвот на Белите планини во Калифорнија, растат боровите „Great Basin Bristlecone“ кои се сметаат за најстарите живи дрвја во светот.
Дрвјата се стари меѓу илјада и пет илјади години, а своите корени ги пуштиле на белото тло кое е негостопримливо за ниедни други растенија, освен за боровите. На овие борови всушност и не им се допаѓа ваквиот вид на почва, но со текот на милениумите успешно се прилагодиле.
Најстарите примероци се наоѓаат во планините на источниот дел на Калифорнија, Невада и Јута. „Bristlecone“ боровите е можно да се пронајдат и во Колорадо, Мексико и Аризона. Растат на височина од три километри, а нивната старост е мошне тешко да се процени поради огромниот број на збиени прстени.
Благодарение на климата во која растат, боровите можат да останат недопрени илјадници години дури и кога ќе се струполат на земја.