Колку физичка активност ќе ве чини вашата омилена храна

Крофна Сите имаат некоја омилена храна за која иако знаат дека не е добра за здравјето, едноставно не можат да ја заборават и постојано ѝ се навраќаат. На почетокот на летото, кога особено внимавате на изгледот, погледнете колку физичка активност ќе ве чини вашата омилена храна.


Сите имаат некоја омилена храна за која иако знаат дека не е добра за
здравјето, едноставно не можат да ја заборават и постојано ѝ се
навраќаат. На почетокот на летото, кога особено внимавате на изгледот,
погледнете колку физичка активност ќе ве чини вашата омилена храна:

Крофна
Чоколадирана крофна со стандардна големина, без полнење (230 калории).

1 час пешачење со просечна брзина од 5 километри на час.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Колаче со чоколадни парченца
Колаче со чоколадни парченца (440 калории).

1 час возење велосипед со просечна брзина од 16-19 километри на час.

Пица

Едно парче од голема пица со кашкавал (320 калории).

40 минути пливање (бавно до умерено темпо).

Благо ролат со цимет

Благ ролат со цимет (околу 500 калории во зависност од полнењето).

85 минути танцување.

Хамбургер
Хамбургер, стандардна големина, со парче кашкавал (770 калории).

94 минути пливање, бавно до умерено темпо.

Чоколадно колаче
Чоколадно колаче со чоколадни парченца (380 калории).

129 минути аеробик.

Помфрит
Голем помфрит (540 калории).

77 минути возење велосипед со просечна брзина од 16-19 километри на час.

Сладолед

Сладолед од ванила, едно топче (270 калории).

Половина час трчање, со просечна брзина од 8 километри на час.

- Реклама -