Бакнувањето има добро влијание на здравјето, бидејќи и помага на циркулацијата, спречува крварење и го подобрува изгледот на кожата.Освен тоа бакнувањето согорува и калории.
Во текот на љубењето се лачи ендрофин кој е 200 пати посилен од морфиум, што е главна причина за вртоглавица после долго бакнување.
Францускиот бакнеж е вистинска гимнастичка дисциплина, бидејќи се активираат 34 групи на мускули, односно речиси сите мускули на лицето, за разлика од обичниот бакнеж кој активира две групи на мускули и притоа согорува две калории.
Вистинскиот француски бакнеж согорува 5 калории. Во текот на една минута тој може да согори 26 калории, па вие размислете дали има подобар и поубав начин за намалување на калории во толку краток временски период.
За еден саат францускиот бакнеж може да согори неверојатни 1.560 калории.
Нормално, треба и да внимавате на тоа со кого се бакнувате, бидејќи во текот на бакнувањето се пренесуваат 278 видови на бактерии.
Сепак, доколку имате постојан партнер за љубење ве советуваме да се бакнувате што почесто и што подолго.