Колку километри поминуваат бебињата во прошетка во количка додека да проодат?

Интересно истражување спроведено во Велика Британија. Учествувале вкупно 1.000 мајки и татковци, а сè со цел да се пресмета колку, во просек, годишно, бебињата поминуваат туркани во количка од родителите.

Вкупно 1.200 километри додека проодат или ги „надраснат“ бебешките колички, покажува истражувањето. Статистиката вели дека бебето се вози во количка најмалку 8 пати неделно, а на секој прошетка се поминуваат по помеѓу 2 и 3 километри. Тоа значи дека месечно родителите поминуваат по околу 99 километри туркајќи бебешка количка.

Истражувањето покажува и дека мајките се тие што почесто ги водат бебињата на шетање, ама пак кога ги шетаат татковците, таа прошетка трае подолго.

Испитаниците одговориле и дека шетањето со бебе во количка им е големо возбудување, особено ако тоа им е прво бебе. Првото излегување со бебето, пак, за мајките и татковците е „голем настан“ кој тие го споредуваат со чувството кога првпат седнувате зад воланот по положен возачки испит.

Прочитајте и:  Турција: Криминална група и медицински лица обвинети за усмртување на бебиња за пари, обвинителот бара над 500 години затвор

Прошетките, пак, се корисни од повеќе аспекти и за двете „страни“. За бебињата е добро да бидат на воздух и тие обожаваат да се возат, па тоа ги смирува и кога се нервозни и плачливи. Притоа, бебињата најчесто многу побрзо заспиваат во количка отколку во креветче. За родителите, пак, прошетките се супер начин да бидат физички активни без премногу напор, велат истражувачите.

- Реклама -