Колку кошта бубрег?

BN-BD668_ORGANP_P_20140117173848[1]

Повеќе од еден милион луѓе во светот се запишани на листите на чекање за трансплантација на органи, а нормално, побарувачката на здрави органи се зголемува правопропорционално со медицинските достигнувања во оваа област.

Факт е дека нееднаквоста во светското богатство, поточно сиромаштијата, е најзаслужна за развој на црниот пазар, во кој луѓето секојдневно го ризикуваат својот живот и здравје, со единствена цел да заработат од нивните тела. Неретко, тие се принудени да го сторат тоа против своја волја, преку повеќе разни методи.

Најпродавани се органите како бубрезите и црниот дроб. Според податоците на ОН, црната трговија на органи се одвива во три категории. Првата е криминалната трговија, во која препродавачите ги мамат или ги присилуваат нивните жртви да се откажат од своите органи. Во втората категорија, донаторите даваат формална согласност, но на крајот се измамени, бидејќи органите никогаш не им се платени, или им се платени многу малку. Третата е ранливата категорија, како што се имигрантите, евтината работна сила, бездомниците или необразованите, од кои органите се земаат насилно, со закани, па дури и без нивно знаење – преку киднапирање и операција додека се успиени.

Ценовникот на човечки органи на црниот пазар изгледа вака:

600.000 евра за здраво срце
300.000 евра за двете белодробни крила
150.000 евра за црниот дроб
150.000 евра за два бубрега
30.000 евра за кожата
27.000 евра за двете рожници
7.000 евра за коските
6.000 евра за лигаментите и зглобовите

- Реклама -