Колку треба за да „истрчаш“ една пица?

pizza-pepperoni-w857h456[1]

Би изел ли неколку парчиња пица ако знаеш колку е лоша за тебе? Нормално дека би изел, шта че ти живот ако нема пица, зар не? Како и секој нормален човек, и ти ќе го игнорираш бројот на калории кога под носот ќе го почувствуваш мирисот на растопениот кашкавал. Решението е едноставно: јадеш колку можеш, а после вежбаш колку можеш, со цел да надокнадиш за уживањето.

Е сега, единствено што може да те спречи да се заборавиш со пица (или што и да е твојата дрога по вкус) е можеби ако знаеш колку всушност ќе треба да вежбаш за да го согориш изеденото. Во случајов со пицата, треба да истрчаш 5.63 километри т.е. 43 минути трчање, а ако има и кулен – плус 10-тина минути (ова по наша слободна проценка).

Не звучи веќе толку примамливо, нели? Токму од таа причина, во сé повеќе земји се појавува движење кое се залага за означување на калориската вредност на прехранбените производи преку нивниот временски еквивалент т.е. изразено преку времето потребно за да се потрошат тие калории. Според одредени гледишта, ова е еден од начините да се помогне околу вртоглавиот раст на стапката на гојазноста (која денес е скоро дупло повисока отколку во 1980 година) и другите болести поврзани со тежината.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Иконите на долниот дел од пакувањето на приложениот чипс се една од идеите за тоа како да биде спроведено ова ново означување, со наведени потребни минути поминати во пешачење, трчање, пливање и сл. На пример, за мока-кафе ти требаат 53 минути пешачење.

pizaСтремежот е да се смислат нови начини кои ќе им олеснат на луѓето да носат поздрави одлуки и избори, или барем да ги разберат последиците од изборот што го прават кога ќе изедат неколку парчиња пица. Означувањето на калориите преку време поминато во физичка активност е многу подобра алтернатива бидејќи им дава на луѓето позитивни опции кои тие сакаат да ги слушнат, за разлика од она „не го јади тоа и тоа“ – реченица која по дифолт ја мразиме.

The Royal Society for Public Health моментално лобира во Велика Британија и кај прехранбенбите компании да ја испробаат новата стратегија на дел од производите, макар што тешко дека оваа мерка ќе им одговара на производителите на грицки и колачи. Како и да е, потенцијалот на една таква мерка е голем: не е лесно да се заборави дека ти треба повеќе труд да согориш, отколку да изедеш крофна, на пример.

- Реклама -