Колку животински видови имаме идентификувано?

Во 1730-тите, шведскиот ботаничар Карл Линеус (Linnaeus) ги постави параметрите за класифицирање на видови – најосновната биолошка категорија. Ја дефинираше како „група од живи суштества кои личат едно на друго и обично се парат само меѓусебно“. Оттогаш, научниците имаат идентификувано повеќе од 1.7 милиони видови. Ама има уште работа. Се проценува дека вкупниот број на животински видови се движи од 3 до 100 милиони; една нова студија проценува дека има 8.7 милиони видови. Бројките во инфографикот во продолжение се добиени од многу истражувања и статистички проекции, и ја претставуваат најдобрата моментална проценка за видовите во секоја од категориите.

Како што може да се види од примерот, идентификувани се најголем дел од ‘рбетниците, но следните генерации ќе си имаат работа со идентификување на уште многу без’рбетници, особено инсекти.

seeking-new-species-graphic-565x658[1]
Бројките со светло сино го покажуваат проценетиот број на видови во соодветната категорија. Бројките со црно го покажуваат бројот на досега идентификувани видови.

Извор: National Geographic

- Реклама -