Команда на украинската армија: Сите Украинци на возраст од 18 до 60 години можат да се борат

 

Командата на украинската копнена армија соопшти дека се донесени нови одлуки во врска со мобилизацијата на Украинците и дека сите граѓани на возраст од 18 до 60 години можат доброволно да учествуваат во борбата против руските сили.

Командата наведува дека не може јавно да открие детали бидејќи, како што истакнува, „слободниот пристап до прашањата за регрутирање на единици ја проширува способноста на непријателот да ги процени нашите ресурси и планови“.

Старосната граница за мобилизација во Украина е намалена во мај годинава од 27 на 25 години.

Прочитајте и:  Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата
- Реклама -