Израелските сили заробија припадник на единицата командоси на Хамас кој се обидувал да се врати во Појасот Газа, 15 дена откако ненадејните напади од Појасот Газа во јужен Израел предизвикаа нова војна.
Израелските медиуми денеска јавуваат дека тој бил фатен вчера и дека по невидениот напад на 7 октомври сè уште има екстремисти од таа исламска организација во земјата.
Во меѓувреме, беше најавено дека воздушните напади врз Појасот Газа ќе бидат засилени за да се обезбеди побезбеден влез на копнените сили во претстојната копнена офанзива.
Во изминатите денови цел на нападите беа високи згради кои наводно ги користи Хамас како снајперски позиции.
Војната, која трае веќе 16 дена, е најсмртоносната од петте војни во Газа за двете страни.
Најмалку 4.385 луѓе, главно цивили, загинаа во Појасот Газа, а повеќе од 1.400, исто така главно цивили, во Израел.
Покрај тоа, 212 заложници заробени во Израел и однесени во Газа се уште се во рацете на Хамас, како што е соопштено денеска. Две Американки, мајка и ќерка, беа ослободени од Хамас во петокот.
МИА