Комбе со патници остана без тркало среде Скопје (ВИДЕО)

Денеска на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ објавена е снимка од патничко комбе на кое кај кружниот тек во Ѓорче Петров му излетало тркалото. Како што се гледа на снимката, додека комбето стои оштетено, тркалото продолжува да се тркала.

Граѓаните се бесни и загрижени. Шокот од трагедијата кај Ласкарци е сè уште свеж, а веќе имаме нов пример на, сосем веројатно, нечија крајна неодговорност околу безбедноста на патниците.

https://www.facebook.com/aleksandar.kondic.1481/videos/2269901366412190/

- Реклама -