Комедија од протест: Бугарски полицајци настрадаа од својот сопствен солзавец (ВИДЕО)

Помала толпа Бугари вчера се собраа на протест пред Народното собрание за да бараат оставка на владата, воведување на електронско гласање и крај на корупцијата во Бугарија. Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, а полицијата реши да се спротивстави со рачен солзавец. Само што, солзавецот не стигна до целта.

„Бугарија е мирна земја, каде протестите многу ретко завршуваат ‘понасилни’ од обично буткање. Ова го објаснува неискуството на полицијата со солзавец и сличните средства“, вели новинарот што го објави видеото на Твитер, кој по потекло е од Холандија, а живее во Бугарија.

 

 

- Реклама -